Дома Трансфер зона „ББС“ тврди: Арсенал блиску до договор со играчот кој со Јувентус освои седум титули!

„ББС“ тврди: Арсенал блиску до договор со играчот кој со Јувентус освои седум титули!

Според реномираниот „ББС“ Арсенал го обезбедил првото засилување – пристигнува човекот кој во Јувентус помина седум години!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„ББС“ важи за реномиран медиум кој ретко кога објавува шпекулации па можеме да му веруваме.

Имено, блиску до договор со Арсенал е Швајцарецот Стефан Лихштајнер кој седум години го носеше дресот на Јувентус.

На Лихштајнер му истекува договорот со „старата дама“ и истиот нема да биде продолжен, тоа е јасно веќе подолго време. Како што се наведува Емери е спремен да му понуди договор на повеќе години.

Претходно Лихштајнер се поврзуваше со трансфер во Борусија Дортмунд. Во својата кариера Швајцарецот го носеше уште на Лил и Лацио кој го напушти во 2011 години.

Со Јувентус освои седум титули во италијанското првенство и изгуби две финалиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…