На последниот натпревар во ПМФЛ фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров забележаа убедлива победа против Академија Пандев.
Беа во криза „лавовите“ од Ѓорче, но под водство на Бајрами тимот започна да игра многу подобро. Бајрами заслугите ги остава на фудбалерите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
,,Најзаслужни за овој успех се играчите. Тие го исполнуваат сето она коа им се дава како задача. Знаат што бараме и тоа на терен максимално го исполнуваат. Навистина сум задоволен од нивното залагање, од нивниот придонес на теренот, а и самите резултати делуваат мотивирачки. Се искачивме на табелата, поминавме понатаму во Купот, и во тој стил да продолжиме и во последното коло од есенскиот дел, а потоа да одиме на заслужен одмор“, изјави Бајрами.
Во овој момент тимот на Македонија Ѓорче Петров е шестопласиран со 24 бода. За викендот ги очекува натпревар против Работнички.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров