Дома Фудбал Англија Батчуаи го налути Конте: Се радувам на повредата на Мората

Батчуаи го налути Конте: Се радувам на повредата на Мората

Белгискиот репрезентативец Мичу Батчуаи со својата изјава сигурно ќе го налути Антонио Конте, но и сите фанови на Челзи.

Имено, Бачуаи многу се израдува на повредата на Алваро Мората, па имаше храброст тој јавно да го каже.

Мората се повреди на дуелот со Манчестер Сити, а местото прв напаѓач во тимот сега ќе му припадне на Бачуаи.

„Звучи чудно што ова го кажувам, но нечија несреќа за друг е среќа“, изјави Белгиецот и додаде:

„Знам дека после повредата на Мората ќе играм повеќе и сега можам да ги покажам своите квалитети. Знам дека Конте ми верува, во спротивно немаше да бидам повеќе член на клубот. Ова ќе биде голема шанса за мене и морам да останам фокусиран. Јас сум ефикасен напаѓач и не сум џокер од клупата“, изјави Бачуаи.

Бачуаи оваа сезона настапи на 8 натпревари за „сините“ во сите натпреварувања и постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал застана пред камерите и јасно кажа кој треба да ја добие Златната топка!

Eден од најдобрите играчи на светот, Ламин Јамал, јасно изјави за кого смета дека треба да…