Дома Останати Кошарка Баскетот „три на три“ стана олимписки спорт

Баскетот „три на три“ стана олимписки спорт

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека баскетот „три на три“ е примен во семејството на олимписки спортови. Баскет ќе се игра од Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Генералниот секретар на ФИБА, Патрик Бауман, му се заблагодарил на МОК што овој спорт го примил во своето семејство.

„Ова е историски ден за ФИБА и за „три на три“. Ова е признание за една деценија напорна работа на дефинирањето на паравилата и вклучувањето на баскетот во мрежата на натпреварувања во органанизација на ФИБА“, рекол Бауман.

На ОИ во Токио ќе се натпреваруваат по 32 екипи во машка и женска конкуренција, а форматот на натпреварите и квалификациите ќе биде дополнително објавен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…