Дома Фудбал Бартомеу ги израдува фановите: Договорот на Меси е веќе потпишан!

Бартомеу ги израдува фановите: Договорот на Меси е веќе потпишан!

bartomeu

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу се уште се наоѓа под критика од шпанските медиуми поради катастрофално сработениот преоден рок.

Бартомеу се наоѓа под притисок на каталонската јавноста откако не успеа да го доведе Кутињо во Барселона, иако најави дека сигурно ќе пристигне.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За работите да бидат уште полоши по Бартомеу во јавноста кружат информации дека Меси сеуште нема потпишано нов договор и дека може да го напушти „Камп Ноу“ следното лето.

Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, па иако од клубот пред неколку месеци изјавија дека се е договорено за продолжување на договорот, сепак сеуште нема официјална потврда.

„Се е договорено и потпишано. Постојат три договори кои ги потпишаа, Фондацијата на Меси, јас и неговиот брат кој е негов агент. Ситниците околу новиот договор наврзо ќе бидат решени и ние сме опуштени што се однесува до тоа. Кога ќе се врати од репрезентативните обврски ќе биде и официјално потврден новиот договор“, изјави Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …