Барселона е на чекор до елиминација од ЛШ и има само едно, речиси невозможно сценарио Каталонците да останат во игра за првите две места во групата.
Елиминацијата на Барселона од Лигата на шампиони ќе биде голем удар за клубот и поради финансиските загуби.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Минатата недела, бордот на директори на Барселона презентирал сезонски буџет, во висина од 1.2 милијарди евра, проектиран врз основа на поставените цели во натпреварувањата во кои учествува клубот. Оваа сума би се достигнала ако Барса би стигнала до четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Самото неиграње во следната фаза од турнирот ќе ја чини Барса 22 милиони евра, плус телевизиските права и приходите од стадионот.
Барселона имаше големи амбиции оваа сезона во Лигата на шампиони, па сега ќе остане без планираните финансии.