Дома Топ вести Барселона ќе му врачи отказ на Куман

Барселона ќе му врачи отказ на Куман

Каталонските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната Барселона најверојатно ќе му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.

Иако пред само две недели неговото место изгледаше сигурно, сепак работите се променија и Барселона сака новата сезона да ја започне со нов тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управниот одбор смета дека Куман е најголем виновник за лошите резултати и го обвинува за слаби тактички решенија, како и лоши измени во текот на натпреварите.

Според каталонското радио РАЦ1, челниците на Барселона се одлучни во намерата да му дадат отказ на Куман по завршување на сезоната иако Холанѓанецот има уште една година од договор.

Познатиот новинар Рожер Саперас објави дека Куман 99% заминува од „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…