Дома Трансфер зона Барселона ќе го пушти Дембеле во Ливерпул, но само под еден услов

Барселона ќе го пушти Дембеле во Ливерпул, но само под еден услов

dembele

Осман Дембеле во 2017 година како големо засилување пристигна од Борусија Дортмунд во Барселона за сума од 105 милиони евра.

Иако оваа сезона одигра 42 натпревари за каталонскиот тим постигна 14 голови и запиша девет асистенции и тој е на пат да го напушти „Камп Ноу“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Барселона имаше многу проблеми со младиот Французин и неговото однесување поради што едно време Ернесто Валверде го отстрани од тимот. Се пишуваше дека Дембеле ги помина деновите играјќи плејстејшн со пријателите и дека брзата храната му е голем проблем.

Во еден период од сезоната изгледаше дека Дембеле ја пронајде вистинската форма, но сепак сега медиумите најавуваат дека Барселона би можела да го продаде.

Како еден од заинтересираните клубови се јави Ливерупл, меѓутоа Барселона ќе го пушти Дембеле само под еден услови.

Во Барселона ќе го пуштат Дембеле само ако Ливерпул или некој друг клуб ја плати цената која тие ја платија на Борусија во 2017 година.

Френки Де Јонг пристигнува за 75 милиони евра, Гризман иако во Каталонија негираат е блиску, па поради тоа Барселона сакаат да вратат дел од вложените средства.

Јирген Клоп е голем обожавател на играта на Французинот, но сепак тешко дека раководството на „црвените“ ќе прифатат да платат толкава сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…