Во Аргентина започна да се шпекулира за иднината на Марсело Гаљардо, шефот на стручниот штаб на Ривер Плата.
Аргентинските пишуваат дека Гаљардо го привлекол вниманието на управата на Барселона и дека овој 43 годишник најверојатно ќе биде замената за Ернесто Валверде на кормилото на каталонскиот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Oваа информација беше објавена во емисијата „Примера Тапа“ на „ТНТ Спортс“. Тој тврди дека Гаљардо ќе биде прв избор на Барселона доколку Валверде заминува, а тоа ќе се случи ако Каталонците не ја поправат играта.
Според информациите Гаљардо веќе разговарал со луѓето од Барселона, меѓутоа во овој момент не може да донесе одлука затоа што со Ривер е насочен кон нов трофеј во Копа Либертадорес каде што играат полуфинале против Бока.
Сепак, Барселона ќе има тешка задача ако се реши да го доведе Гаљардо бидејќи тој е врзан под договор со Ривер до 2021 година.
Марсело Гаљардо на клупата на Ривер е од 2014 година, а пред тоа го водеше уругвајскиот Национал. Како играч ги бранеше боите на Ривер, Монако, ПСЖ, Ди-Си Јунајтед и Национал.