Дома Топ вести Барселона ја победува конкуренцијата за „турскиот Меси“

Барселона ја победува конкуренцијата за „турскиот Меси“

Барселона сака да ја победи конкуренцијата за младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер.

18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал, а веќе го доби и епитетот „турскиот Меси“.

Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.

Милан, Реал Мадрид и ПСЖ веќе подолго време преговараат со неговиот агент, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Камп Ноу“.

Менаџерот Деко отпатувал во Турција на средба со претставниците на Арда Гулер и сака што побрзо да го комплетира договорот со турскиот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…