Дома Топ вести Барселона ја започна мисијата за Де Лихт – Ајакс бара цело „богатство“

Барселона ја започна мисијата за Де Лихт – Ајакс бара цело „богатство“

Младиот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт со своите игри во клубот и репрезентацијата го привлече вниманието на европските гиганти.

Конкуренцијата е огромна, па затоа Барселона веќе ја започна мисијата за потписот на 19-годишниот Холанѓанец. Имено, техничкиот директор на Каталонците, Ерик Абидал отпатувал во Амстердам на средба со дефанзивецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Барселона не сака да ја пропушти шансата да го донесе еден од најперспективните дефанзивци на „Камп Ноу“, па веќе го контактирале и неговиот менаџер Мино Раиола, кој пак им соопштил за силниот интерес од страна на Јувентус.

Абидал ќе се обиде да разговара со Де Лихт и неговото семејство со цел да го убеди да ја одбере Барселона пред останатите клубови.

Каталонците се заинтересирани и за Френки де Јонг, но Ајакс за двајцата фудбалери бара 140 милиони евра (75 за Де Јонг и 65 за Де Лихт).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…