Ракометарите на Барселона ја одбранија титулата во Лигата на шампионите, откако во драматично финале беа подобри од Кјелце.
Финалето беше исклучително неизвесно, победникот беше решен после пенали, а трагичар на мечот беше Алекс Душебаев.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот во регуларниот тек заврши 28:28, а по продолженијата беше 32:32, па пеналите мораа да го решат победникот.
Во пенал серијата сите играчи на Барселона беа прецизни, единствениот кој промаши беше Алекс Душебаев, чии пенал во третата серија го одбрани Гонзало Перез де Варгас.