Како што пишува каталонски „Спорт“ еден од најталентираните бразилски фудбалери се наоѓа на радарот на гигантот од Каталонија.
Барселона во своите редови веќе има еден Паулињо, а наскоро би можела да добие уште еден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај репрезентативецот на „кариоките“ кој беше доведен на „Ноу Камп“ наскоро Барса би можела да го доведе неговиот сонародник од редовите на Васко Де Гама.
Станува збор за 17 годишен фудбалер кој важи за бисер на бразилскиот фудбал, а според многумина по стилот на игра најмногу потсетува на Фелипе Кутињо.
Според „Спорт“ Барселона се обидува да го доведе колку што е можно побрзо со цел да се развива под условите на каталонскиот гигант.
Васко за неговите услуги бара 30 милиони евра, но со оглед на тоа дека овој клуб во овие моменти се наоѓа во финансиски проблеми не е исклучена и можноста да прифати помала сума.