Барселона е последниот европски гигант кој се вклучи во трката по ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат каталонските медиуми.
21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и е на мета на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.
Алварез заврши најдобар стрелец во аргентинското првенство со 17 гола и 8 асистенции, а во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра.
За Алварез веќе подолго време интерес покажуваат Милан и Јувентус, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Камп Ноу“ уште во јануари.