Барселона покажува силен интерес за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесува каталонски „Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот Холанѓанец се посочува како идеален партнер на Ерик Гарсија и тандем кој ќе може да игра во наредните 10 години.
Де Лихт е еден од најважните фудбалери во Јувентус, каде пристигна за 70 милиони евра, но доколку „старата дама“ не избори пласман во Лигата на шампиони играчот може да побара трансфер.
За зделката може да помогне и фактот што на „Камп Ноу“ игра неговиот пријател Френки де Јонг и поранешниот селектор Роналд Куман.
Двата клуба се во одлични односи и минатото лето договорија трампа, но Јувентус ќе направи се за да го задржи Де Лихт во своите редови.