Tренерот на Валенсија, Хозе Бордалас се запраша како функционира финансискиот фер-плеј кога е дозволен трансферот на Феран Торес во Барселона.
Каталонскиот клуб иако беше во финансиска криза некако пронајде начин да го доведе Торес од Манчестер Сити за 55 милиони евра. Имаше проблем со неговата регистрација, но сега кога Кутињо се пресели на позајмица во Астон Вила веројатно и тој проблем ќе биде решен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Барселона има долг од 300 милиони евра и го купи Феран Торес. Каде е тука финансискиот фер-плеј?“, изјави Бордалас.
На претставувањето на Торес првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта најави дека Каталонците се враќаат на трансфер пазарот како голем играч.