Дома Фудбал Барселона скаутира четири млади надежи на Ајакс

Барселона скаутира четири млади надежи на Ајакс

Според пишувањата на холандски Телеграф, директорот на младинската академија на Барселона, Хозе Мари Бакеро минатиот викенд го гледаше натпреварот помеѓу Ајакс и Зволе (1:0).

Наводно, тој во Холандија стигнал да следи четворица најталентирани играчи на Ајакс, за кои Барселона е заинтересирана.

Станува збор за Матијас де Лиг, Френк де Јонг, Дони ван де Бик и синот на поранешниот напаѓач на Барса, Џастин Клајверт.
Барселона е заинтересирана за сите четворица, со обзир на тоа дека се работи за големи таленти, а некои аналитичари сметаат дека младиот Клајверт би можел да стане подобар фудбалер од татко му.

Голем потенцијал поседува и 20-годишниот Де Јонг, кој уште сега игра на високо нивона неколку позиции, додека Де Лиг моментално е еден од најдобрите млади стопери на светот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…