Дома Топ вести Барселона ситуацијата во одбраната сака да ја спаси со Калид Кулибали

Барселона ситуацијата во одбраната сака да ја спаси со Калид Кулибали

kulibaly

Барселона на подолг период остана без Самуел Умтити, можеби и најсигурниот стопер кого Валверде го има во овој момент.

Одбраната на Барселона и пред повредата на Умтити не изгледаше сигурно, а дури сега во Каталонија стравуваат како би можела да изгледа последната линија. Затоа се шпекулираше за купување на стопер, а локалните медиуми пишуваат дека Каталонците го сакаат Калид Кулибали од Наполи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште не е познато колку долго ќе отсуство Умтити бидејќи докторите ќе се обидат со вбризгубање на плазма во повреденото колено, но поверојатна опција е Французинот да оди на операција на лигаментите, по што ќе се следи повеќемесечна пауза. Во тој случај Валверде би останал само со Пике кој е во очајна форма и најслаба алка во одбраната, несигурниот Вермален и новајлијата Ленгле кој се мачи со прилагодувањето. За борба на три фронта на Барса и е потребен сигурен стопер.

Иако најчесто се споменуваше вундеркидот од Ајакс, Матијас Де Лихт, каталонскиот „Мундо Депортиво“ и некои италијански медиуми јавуваат дека мета е еден од најбараните стопери, Калид Кулибали. Можеби и најдоброто решение во овој момент.

Од кога Фали Рамадани стана менаџер на стоперот, трансферот повеќе не е невозможна мисиј, Рамадани во текот на летото преговараше со Барселона за уште еден свој клиент, Миралем Пјаниќ и во таа прилика наводно е спомнат и Кулибали како зделка за во иднина. Сега, самиот трансфер стана потреба, а не опција.

Задачата да го доведе Кулибали ќе ја има Ариедо Барида, поранешниот оперативец на Милан и човек кој во Италија има добри врски. На него е да го убеди Де Лаурентис да го продаде Кулибали, што секако нема да биде лесно.

Кулибали на 1-ви септември потпиша нов договор со Наполи до 2023 година со откупна клазула од 200 милиони евра, но истата на сила стапува од 2020 година. Значи до тогаш мора да се преговара со Де Лаурентис.

Намерата на Барселона е за почеток да понуди 65 милиони евра и преку Рамадани да изврши притисок на Де Лаурентис, меѓутоа тешко е да се очекува првиот човек на Наполи да се согласи на таа сума, ако се знае дека минатиот јануари Ливерпул го направи Вирџил Ван Дијк најскап стопер за сума од 85 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=bEbxUAsOueQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…