Барселона веќе не е помеѓу кандидатите за потписот на Давид Алаба, пренесува каталонски „Спорт“.
Каталонците сметаат дека платата која ја бара австрискиот репрезентативец е премногу висока. Во „Камп Ноу“ се спремни да го подноват преговорите само во случај Алаба да ги намали финансиските претензии.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што е познато, 28-годишниот играч на лето ќе биде слободен агент бидејќи му завршува договорот со Баерн Минхен.
Неговата желба е да ја продолжи кариерата во Шпанија, а Реал Мадрид важи за фаворит за неговиот потпис.