Германските медиуми пренесуваат изненадувачка вест, а тоа е дека Барселона го сака младиот хрватски голгетер Габриел Видовиќ.
Габриел Видовиќ е напаѓач кој игра за вториот тим на Баерн. Хрватскиот фудбалер прикажува добри настапи за вториот тим на Баерн и затоа е стандарден, а се очекува наскоро да потпише професионален договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За вториот тим на Баерн постигна 12 голови на 20 натпревари и „Трансфермаркт“ го проценува на два милиони евра вредност. Се најавуваше дека тренерот на првата екипа на Баерн Јулијан Нагелсман ќе му даде шанса во првиот тим, меѓутоа се појавија и некои проблеми со повреди.
Ќе видиме дали нешто ќе се промени по интересот од Барселона.