Барселона е заинтересирана за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат каталонските медиуми.
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блеска оваа сезона, па Барселона сака да го врати на „Камп Ноу“.
„Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија“, пишува каталонски „Спорт“.
Лајпциг за потписот на Олмо плати 30 милиони евра, а сега за неговата слобода сигурно ќе бара околу 50 милиони евра, што може да биде проблем за Барселона.