Дома Трансфер зона Барселона, ПСЖ, Интер Мајами – какви се опциите за Меси?

Барселона, ПСЖ, Интер Мајами – какви се опциите за Меси?

Договорот на Меси истекува на крајот од сезоната и едно од главните прашања во фудбалската јавност е каде ќе игра од следното лето?

Се споменуваат неколку опции, се разбира, тука е и враќање во Барселона, но засега тоа не изгледа толку реална опција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинсите медиуми тврдат дека Меси им се доверил на соиграчите од репрезентацијата дека, најверојатно, доколку неговиот татко Хорхе се договори, ќе остане уште една сезона за ПСЖ.

Тоа би значело продолжување на договорот, а кога ќе ја заврши таа обврска, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња би имал 37 години, но тука не би бил крајот на неговата кариера. Според информациите од репрезентацијата на Аргентина, тој изјавил дека планира да ја заврши кариерата кај Дејвид Бекам во Интер од Мајами.

Американците му понудиле да инвестира на тамошниот пазар, дури се шпекулира дека ќе му понудат процент од сопственоста на франшизата.

Во ПСЖ покрај тоа што треба да му дадат повторно одлична финансиска понуда, Меси сака и гаранција дека тимот ќе биде конкурентен во Европа, а за тоа потребни се промени. Пред се тука е тренерската, веќе на големо се пишува дека Аргентинецот не е задоволен од тоа како Галтие го води тимот и таа промена многу веројатно ќе се случи.

Сезонава ПСЖ во Лигата на шампионите доживеа неуспех со елиминацијата од Баерн уште во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…