Дома Трансфер зона Барселона пронајде засилување во Челзи?

Барселона пронајде засилување во Челзи?

Изгледа дека Барселона новото засилување го пронајде во актуелниот шампион на Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На мета на Каталонците е долгогодишниот фудбалер на Челзи, Цезар Азпиликуета на кого договорот му истекува на крајот од сезоната. Барселона со овој трансфер би добила квалитетен фудбалер бесплатно, а наводно и самиот фудбалер нема ништо против трансфер на „Камп Ноу“.

Преговорите според информациите на шпанските новинари веќе започнаа и Барселона е спремна на Азпиликуета да му даде договор на две години со оција истиот да се продолжи на уште една.

Во Челзи Азпиликуета пристигна во 2012 година од Марсеј, а во Ла Лига има искуство настапувајќи за Осасуна која ја напушти во 2010 година. За Челзи одигра вкупно 456 натпревари, постигна 14 гола и запиша 56 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…