Дома Трансфер зона Барселона пресече: Алкасер заминува на позајмица во Дортмунд

Барселона пресече: Алкасер заминува на позајмица во Дортмунд

Пако Алкасер по две сезони ја напушта екипата на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фантастичниот шпански напаѓач не се снајде најдобро на Ноу Камп по пристигнувањето од Валенсија во летото 2016. година, и бараше начин да замине во тимот каде ќе има шанси да покаже што знае.

На крајот и го најде. Договорена е работата помеѓу Барселона и Борусија Дортмунд и Алкасер ќе замине на едногодишна позајмица во редовите на германскиот великан.

За позајмицата тимот од Дортмунд ќе плати два милиони евра, а на крајот од сезоната ќе има право на откуп на договорот за 25 милиони евра.

Алкасер набрзо ќе стигне на лекарски прегледи во Дортмунд и ќе потпише договор со Милионерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тухел збесна, па ја исмеваше ФИФА: Можеби Кејн треба да му се јави на Трамп

Селекторот на Англија, Томас Тухел, не го криеше задоволството по драматичната победа на н…