Дома Фудбал Барселона пред големото дерби со Реал, го добива најголемото зимско засилување

Барселона пред големото дерби со Реал, го добива најголемото зимско засилување

Најскапото засилување на Барселона во историјата на клубот, Осман Дембеле, потврди дека за две недели ќе биде потполно подготвен и дека ќе се врати да работи заедно со екипата.

Дембеле е надвор од тимот уште од септември кога на гостувањето кај Гетафе зааработи повреда на задната ложа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој веќе некое време работи напорно на посебен програм за да заигра до крајот на годината, што потврди за француските медиуми бидејќи за викендот го посети својот некогашен тим Рен и го гледаше натпреварот со Лион.

„Се оди по планот, и побрзо од тоа, за две недели ќе бидам потполно подготвен, ќе тренирам нормално со остатокот на екипата“, истакна Дембеле.

Оваа вест не би била толку во центарот на вниманието, ако на 23. декември на програмата е големото дерби против Реал Мадрид. Според претходните најави, Ернесто Валверде не сакаше да ги форсира Французите пред Нова Година, но делува дека би можел да биде подготвен за мечот од есенскиот дел на „Сантијаго Бернабеу“.

Може слободно да се каже дека Дембеле сега ќе биде најголемото зимско засилување, бидејќи се враќа во текот на зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…