Барселона славеше убедливо со 5:1 против Виљареал во шпанското првенство, но во победата како црна дамка остана тешката повреда на голманот Марк Андре Тер Штеген.
Германскиот чувар на мрежата поради оваа повреда ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци, па според последните информации клубот би можел да побара негова замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Преодниот рок е затворен и поради тоа опција за Барселона би биле само голманите кои немаат клуб. На пазарот квалитетни, а слободни скоро и да нема, но се издвојува едно име.
Поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид, Кејлор Навас е без клуб откако му заврши договорот со Пари Сен Жермен во мај. Имаше понуда Костариканецот од саудискиот Ал Хилал, но ја одби.
Во кариерата Навас во Реал Мадрид помина пет години и освои три титули во Лигата на шампионите, собра вкупно 162 настапи. Клубот го напушти по доаѓањето на Тибо Куртоа по што се пресели во ПСЖ. Минатата сезона ја помина како позајмен играч во ПСЖ.