Претседателот на Барселона, Жосеп Бартомеу одбил богата понуда за 17-годишниот талент Ансу Фати, пренесува каталонски „Спорт“.
Според весникот во четвртокот имало виртуелна средба на целото раководство на која се зборувало за потенцијални трансфери и продажба на играчи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На средбата Бартомеу открил дека еден голем европски клуб бил спремен да плати 100 милиони евра за Ансу Фати. Меѓутоа, сите донеле едногласна одлука дека младата ѕвезда не е на продажба и нема да се разгледуваат понуди за него.
17-годишниот талент на почетокот на сезоната доби шанса во првиот тим и веднаш покажа дека станува збор за вонсериски талент. Наскоро се очекува да потпише нов договор со Барселона во кој ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.
A major club was willing to put 100 million euros on the table for Ansu Fati, but Barcelona rejected. Fati is not for sale. [sport] pic.twitter.com/wotQTROGe7
— barcacentre (from ?) (@barcacentre) June 6, 2020