Барселона направи голем чекор напред кон тоа финансиски да го стабилизира клубот, откако продаде 10% од ТВ правата во наредните 25 години на американска компанија.
Со оваа зделка клубот ќе добие капитална добивка од 267 милиони евра веднаш, потврдија од „Камп Ноу“. Ова ќе и даде можност на Барселона да ја заврши сезоната 2021/22 со позитивен баланс. Компанијата 207,6 милиони евра ќе ги уплати веднаш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако раководството не го склучеше овој договор до 30 јуни, Барселона ќе ја завршеше сезоната со загуби од 150 милиони евра. Сега, клубот има позитивен баланс и ќе може да прави инвестиции на трансфер пазарот.
Каталонците донесоа одлука да ги стават на продажба 49,9% од акциите на фирмата „БЛМ“, тоа е дел од клубот што се занимава за брендирањето и маркетинг, а таа зделка ќе биде завшена во наредните месеци и на клубот ќе му донесе додатни 300 милиони евра.
FC Barcelona and Sixth Street reach an agreement for the acquisition of a 10% share of the Club’s LaLiga TV rights
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 30, 2022
🔗 All the details: https://t.co/B2IRqpr0vk pic.twitter.com/09V97A1MWS