Откако во четвртфиналето во ЛШ го елиминира Манчестер Јунајтед, Барселона во полуфиналето ќе игра со уште еден англиски тим – Ливерпул.
Во последните неколку години се покажа дека на Барса и одговара Манчестер Јунајтед, па Каталонците ги добија последните четири дуели. Сепак, статистиката со Ливерпул е далеку полоша.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Барселона никогаш во својата историја не успеала да ги победи Црвените на домашен терен. Низ историјата се одиграле четири натпревари помеѓу овие два ривала на Камп Ноу, а Ливерпул е поуспешен бидејќи има два триумфи додека два натпревари завршиле нерешено.
Првиот меѓусебен дуел на Камп Ноу е одигран во далечната 1976. година кога Ливерпул ја порази Барса со 1:0, додека натпреварите во 2001. и 2002. година завршија нерешено. Последен пат Барса и Ливерпул играле на Камп Ноу во 2007. година во рамките на осминафиналето во ЛШ и тогаш Црвените славеа со 2:1.
Да потсетиме, првиот натпревар оваа сезона во полуфиналето ќе се одигра на 1. мај на Камп Ноу, додека шест дена подоцна се игра реваншот на Енфилд.