Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона не сака да игра во Италија – ова е доказ (ВИДЕО)

Барселона не сака да игра во Италија – ова е доказ (ВИДЕО)

барцелона

Барселона во последните 15-тина години е еден од најдобрите тимови во Европа и во тој период гордоста на Каталонија освои пет титули во Лигата на шампионите (2006, 2009, 2011 и 2015).

Меѓутоа како и за сите, така и за Барселона постои една земја во која ако се погледне традицијата, никако не сака да игра. Тоа е Италија, каде што на последните десет гостувања Барселона победи само еднаш, четири пати беше поразена и пет пати одигра нерешено. Противници во тој период беа Милан, Јувентус, Рома или Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој период Барселона успеа да слави само против Милан 2:3 во групната фаза од Лигата на шампионите во 2011 година.

Во останатите натпревари Каталонците теренот најчесто го напуштаа со наведнати глави.

Од сите неуспеси на „Чизмата“ на Барселона најмногу се памети токму оној против Интер во 2010 година кога „нероаѕурите“ ги победија со 3:1 и подоцна станаа европски шампиони.

Тука е и поразот од Милан 2:0 во 2013 година.

Разбиени беа и против Јувентус во 2017 со дури 3:0.

https://youtu.be/zTdr15MYTQI

Сите се уште се сеќаваат на неверојатниот пораз од 3:0 во Рим после победата од 4:1 на „Ноу Камп“.

https://youtu.be/V-sWLSueH8U

Последните 10 натпревари на Барселона во Италија

16.09.2009 Интер – Барселона 0:0

20.04.2010 Интер – Барселона 3:1

23.2011 Милан – Барселона 2:3

28.03.2012 Милан – Барселона 0:0

20.02.2013 Милан – Барселона 2:0

22.10.2013 Милан – Барселона 1:1

16.09.2015 Рома – Барселона 1:1

11.04.2017 Јувентус – Барселона 3:0

22.11.2017 Јувентус – Барселона 0:0

10.04.2018 Рома – Барселона 3:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…