Дома Топ вести Барселона не може да регистрира играчи, Левандовски не смее да игра

Барселона не може да регистрира играчи, Левандовски не смее да игра

Барселона е исклучително активна на трансфер пазарот и до сега донесе четири големи засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франк Кеси и Андреас Кристенсен пристигнаа како слободни агенти, додека Роберт Левандовски и Рафиња беа купени. 

Меѓутоа, Барселона не може да регистрира ниту еден од новите фудбалери, кои засега можат да играат само на пријателски натпревари.

Каталонците имаат финансиски проблем и иако до сега инкасираа 500 милиони од продажба на ТВ права, сепак долгот е сеуште многу голем.

Каталонците во идниот период ќе мораат да го решат овој проблем со продажба на неколку играчи меѓу кои планирани се и Френки де Јонг и Мемфис Депај.

Шпанската лига не дозволува неконтролирано носење на нови фудбалери за да се спречи можен банкрот на клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим донесе одлука: Милан ќе го крати составот

Рубен Аморим призна дека Милан „следната недела ќе донесе некои одлуки“ за тоа кои играчи …