Дома Фудбал Барселона не може да го регистрира Торес: Работиме на случајот

Барселона не може да го регистрира Торес: Работиме на случајот

Каталонскиот гигант Барселона се уште не може да го регистрира новото засилување Феран Торес поради преоптоварениот буџет.

Директорот Мату Алемани, изјави дека заминувањето на Кутињо во Астон Вила не е доволно и дека тие се уште бараат начин како да ја регистрираат новата скапа аквизиција.

„И натаму не можеме да го регистрираме Феран Торес, позајмицата на Филипе Кутињо во Астон Вила не е доволна. Работиме на уште неколку зделки за да го регистрираме Феран, продолжуваме со преговорите“, изјави директорот Алемани.

Раководството на клубот се обидува под итно да продаде уште барем еден фудбалер, а најверојатно заминувањето на Лук де Јонг ќе биде доволно да се регистрира Торес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Отворена постапка против Струга затоа што немало паркинг за автобусот на Вардар

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги соопшто казните за изминитете натпревари о…