Дома Фудбал Барселона не е ни во приказната: Се знае каде сака Тухел да ја продолжи кариерата, приоритет му е еден клуб

Барселона не е ни во приказната: Се знае каде сака Тухел да ја продолжи кариерата, приоритет му е еден клуб

Томас Тухел на крајот од оваа сезона ќе го напушти Баерн Минхен и веќе на големо се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата.

Прво почна да се поврзува со Барселона, но германските медиуми пишуваат дека веќе се знае кој ќе биде приоритетот на Тухел откако ќе го напушти Баерн.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Тухел и понатаму е фокусиран само на Баерн и ќе се труди до крајот на сезоната да го извлече максимумот.

Сепак, угледниот Кикер објави дека Тухел веќе мора да прави план за продолжението на кариерата бидејќи има неколку клубови кои покажале интерес за него. Сепак, Кикер наведува дека желбата на Тухел е јасна кога е во прашање продолжувањето на кариерата.

По неуспешната епизода во Баерн, германскиот стручњак сака да се врати во Англија и повторно да води клуб од Премиер лигата.

Кикер додава дека наводно веќе му е јасен приоритетот, а тоа е да ја преземе клупата на Манчестер Јунајтед. Тухел верува дека може да ги врати „Црвените ѓаволи“ во нивната поранешна слава и дека овој тим апсолутно би одговарал на неговиот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Барса не може да го регистрира новиот тренер

Барселона веќе неколку сезони има проблем со финансиските ограничувања и има потешкитии со…