Барселона активно работи на засилувања за следната сезона и веќе е блиску до договор со неколку ѕвезди.
Според пишувањата на каталонските медиуми Барселона има договор со Кристенсен и Франк Кеси, кои ќе пристигнат како слободни агенти, а следен е Мазрауи од Ајакс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголемото засилување за Барселона треба да пристигне во нападот, односно замена за Осман Дембеле, кој заминува на крајот на сезоната.
Доаѓањето на Салах е скоро „невозможна мисија“ во моментов, па поради тоа Барселона се насочува кон ѕвездата на Лидс и бразилски репрезентативец, Рафиња.
Рафиња игра одлично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Лидс во неколку наврати одби понуди од 50 милиони евра.
Јасно е дека Лидс нема да може да го задржи и ова лето, а Барселона веќе работи на трансферот и е спремна да плати 50 милиони за неговиот потпис.