Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси може експресно да се врати во Серија А и тоа во големиот ривал на Милан.
Кеси ова лето го напушти Милан и како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажува Интер.
Барселона исто така не е задоволна од него па сака да го искористи во трампа. Шпанските медиуми пренесуваат дека му го понудиле Кеси на Интер, а во спротивен правец да дојде Брозовиќ.
Чави смета дека Брозовиќ ќе биде идеална замена за Бускетс, но „нероаѕурите“ засега не се согласуваат со ваква трампа.