Дома Трансфер зона Барселона „краде“ играч од Манчестер Јунајтед

Барселона „краде“ играч од Манчестер Јунајтед

Договорот на Хуан Мата истекува на крајот од сезоната, па голема е веројатноста да го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент.

Иако сезоната се уште не е завршена во Барселона веќе активно работат на нови засилувања, а последен играч кој се поврзува со каталонскиот клуб е ткому Хуан Мата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мата веќе подолго време води преговори со „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик, па голема е веројатноста да си замине на лето.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона веќе стапила во контакт со агентите на фудбалерот и е спремна да му понуди двегодишна соработка на Мата.

Хуан Мата е дете на Реал Мадрид, во кој пристигна на 15 години од Овиедо. Сепак, тоа не би требало да биде пречка за овој трансфер, бидејќи Шпанецот веќе играше за два големи ривали во Англија.

Барселона го гледа Мата како идеален играч за широка ротаиција, а тренерот Валверде ќе има шанса подобро да се запознае со неговите квалитети во четвртфиналето од Лигата на шампиони кога ќе играат еден против друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…