Барселона и Јувентус изгледа постигнале договор за трансферот на Луис Суарез кој би требало да се пресели во Торино за ниска сума.
Иако се шпекулираше дека Барселона ќе го раскине договорот со Јувентус и Уругваецот бесплатно ќе потпише за „старата дама“, договорот е поинаков. Имено, Јувентус ќе плати износ од два до три милиони евра, а со одредени бонуси трансферот може да достигне и 10 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е договор сличен на оној со кој Иван ракитиќ се пресели во Севиља. Севиља за Ракитиќ плати сума од 1.5 милион евра и со бонусите може да исплати уште осум. Новинарот Моис Лопренс кој пишува за „ЕСПН“ и има доверливи извори од „Ноу Камп“ потврди дека трансферот на Суарез ќе биде направен по принципот на Ракитиќ.
По ова се е договорено и останува уште Уругваецот да го положи испитот за италијански јазик како неопходна ставка за добивање италијански пасош.