Дома Трансфер зона Барселона и Јувентус во битка за потписот на Ромањоли

Барселона и Јувентус во битка за потписот на Ромањоли

Барселона и Јувентус се силно заинтересирани за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот се прекинати, а дефанзивецот веќе влезе во последната година од договорот.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат споменатите клубови кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола.

„Росонерите“ воопшто не сакаат повеќе да преговараат со Раиола, па се свесни дека Ромањоли на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Сега Барселона и Јувентус водат битка за неговиот потпис, бидејќи двата клуба се во потрага по квалитетен дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…