Интер оваа сезона се бори за Скудетото со Јувентус, па тренерот Антонио Конте сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ ќе бараат засилувања во средниот ред и нападот, а првото зимско засилување може да биде Артуро Видал.
Италијанските медиуми пренесуваат дека директорот на Интер, Пјеро Аусилио бил во Каталонија и одржал состанок со челниците на Барселона.
Лаутаро Мартинез е на мета на Каталонците, но и Милан Скриниар. Сепак, се верува дека Интер нема намера да се откаже од двоецот во јануари.
Каталонците се спремни да го пуштат Иван Ракитиќ, но Антонио Конте го сака Артуро Видал, а двете страни се блиску до договор.
Интер сака да го донесе Чилеанецот на позајмица со право на откуп, додека Барселона е спремна да го пушти во перманентен трансфер.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека двете страни се блиску до договор и Видал од јануари најверојатно ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.