Барселона вчера одигра само реми 0:0 против Гетафе во првиот натпревар од сезоната, а критики кон главниот судија по завршувањето на натпреварот испрати тренерот Чави.
Чави помеѓу останатото се жалеше и на честото сецкање на времето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ни нанесоа голема неправда, ова е срам за Ла Лига. Продуктот што Примера го нуди е патетичен. Не е ни чудо што никој повеќе не сака да гледа шпански фудбал. Навистина сум бесен“, гласеше неговата изјава.
Анализите кои се појавија во шпанските медиуми покажуваат дека оваа критика на Чави е сосема оправдана. Вкупно на „Алфонсо Перез“ вчера се играа 116 минути, додека ефективна игра имаше нешто над 56 минути. Oва значи дека топката мирувала 60 минути и 43 секунди.