Дома Фудбал Останато Барселона и Ајакс договараат нова соработка!

Барселона и Ајакс договараат нова соработка!

Пред една недела каталонските медиуми пишуваа дека Барселона се обидела да склопи партнерски договор со Ајакс.

Соработката подразбира размена на играчите, односно управата на Каталонците сакаат од холандскиот гигант да направат еден вид на сопствена филијала.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс потврди за холандските медиуми дека контактите со Холанѓаните се направени и дека Шпанците веќе испратиле предлози за партнерство, но остро отфрли дека тоа ќе биде класичен однос на голем и мал клуб.

Ајакс во ниту една споредба со било кој клуб на светот не може да биде третиран како „мал“.

„Познато е дека сме во добри односи со Барселона. Да, вистина е дека тие сакаат да разговараат, сакаат да видат какви се можностите кај нас да испраќаат млади играчи на позајмица“, изјави Овермарс, потоа веднаш се огради од одредени работи:

„Секако, не доаѓа во предвид ние да земеме голем број играч. Сигурно нема да станеме филијала на Барселона“.

Ајакс во целата приказна гледа свој дел од „колачот“.

„Ако дојде до соработка, ние би сакале од Барселона да добиеме и некој афирмиран играч. Некогаш и постарите играчи за нас би можеле да бидат интересни“, порача Овермарс.

Ќе потсетиме, Барселона и Ајакс веќе потврдија една голема зделка, а тоа е трансферот на Френки Де Јонг кој од Барселона ќе се пресели во Ајакс на лето. На големо со Каталонците се поврзува и стоперот на овој клуб, Матијас Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…