Дома Топ вести Барселона има клазула во договорот со новиот тренер која ги воодушеви навивачите

Барселона има клазула во договорот со новиот тренер која ги воодушеви навивачите

Барселона синоќа објави дека Ернесто Валверде не е повеќе тренер на овој тим и неговото место го замени Кике Сетиен.

Челниците на Барселона вчера остварија средба со Валверде, по неуспешниот настап на тимот во шпанскиот Суперкуп. По разговорите од клубот беше објавено дека постигнале договор за прекинување на соработката и дека Валверде не е повеќе тренер на Барса.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, каталонскиот клуб реагираше брзо и најави дека веќе е познато кој ќе го предводи составот во наредниот период. Кике Сетиен е избран за нов тренер на Барселона кој потпиша договор до летото 2022 година.

Навивачите на Барса беа изненадени што клубот му даде договор на две и пол години, бидејќи тие очекуваа Сетиен да биде само привремено решение. Но, во Барса овој пат направија одличен потег и го осигураа новиот тренер.

Сетиен има договор до летото 2022. година, но дали ќе остане ќе зависи од резултатите. Барселона има неколку опции за раскинување на договорот доколку не бидат задоволни од резултатите на Сетиен.

Тој има потпишано договор од шест месеци + 1 година + 1 година и клубот може да го раскине договорот со него без никаков надоместок во кој било од овие три преодни периоди. Сетиен би можел да ги спакува куферите во текот на летото, но и да остане до крајот на договорот доколку се покаже дека е вистинското решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…