Дома Фудбал Барселона е силна екипа, но во клубот има група од незадоволни играчи

Барселона е силна екипа, но во клубот има група од незадоволни играчи

Барселона на располагање има одлични фудбалери, но што играчот е подобар, толку карактерот му е потежок за да се вклопи во групата.

Такви проблеми има Ернесто Валверде, тренерот на клубот. Според пишувањата на „Марка“, во редовите на шпанскиот шампион постои група на играчи кои не се задоволни од минутажата. Тие се предводени од Артуро Видал кој оваа сезона пристигна од Баерн и кој често ја грее клупата. Поради тоа и јавно изрази незадоволство на социјалните мрежи, па заработи критика од Пеп Серге.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Малком исто така сака поголема улога во составот, како и Осман Дембеле кој во последните неколку недели се однесува непрофесионално, што го оддалечува од старниот состав. Во групата се и двајца играчи за врска, Денис Суарез и Рафиња. Суарез сака итно да го напушти клубот уште во јануари, а Рафиња, кој јавно ништо не вели, повторно е пред излезни врати од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…