Дома Трансфер зона Барселона е во напредни преговори со Адама Траоре

Барселона е во напредни преговори со Адама Траоре

Каталонскиот гигант Барселона е во напредни преговори за трансфер на шпанскиот репрезентативец Адама Траоре од Вулверхемптон.

Медиумите пренесуваат дека Траоре треба да пристигне на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се говори дека Шпанецот прифатил драстично намалување на платата во првите шест месеци, со цел да може да биде регистриран.

Барселона е во одлични релации со „волците“ каде го пушти на позајмица Тринкао. Вулверхемптон има опција да го откупи напаѓачот за 30 милиони евра, а ако не ја искористи ќе треба да и плати 6 милиони компензација на Барселона.

Тоа ги олеснува преговорите помеѓу двата клуба, како и фактот дека играчот сака по секоја цена да го напушти Вулверхемптон до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…