Дома Трансфер зона Барселона донела одлука за Ракитиќ, одлучувачки фактор е Валверде?

Барселона донела одлука за Ракитиќ, одлучувачки фактор е Валверде?

Барселона за идното лето го обезбеди Френки Де Јонг од Ајакс и за неговите услуги платија сума од 75 милиони евра, а преку бонуси Холанѓаните би можеле да добијат и дополнителни 11 милиони евра.

Со оглед на тоа дека вложија голема сума јасно е дека Холанѓанецот ќе добие шанса од стартот на наредната сезона, па во медиумите се поставува прашањето како тоа ќе влијае на искусниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се пишуваше дека би можел да ја промени средината, се споменуваа клубови од Англија и Италија, но изгледа дека поранешниот фудбалер на Базел, Шалке и Севиља нема да го менува клубот.

Имено, Ернесто Валверде е голем почитувач на играта на хрватскиот фудбалер и се уште го смета за еден од најважните во својот тим. Дека навистина е така покажува и податокот дека Ракитиќ е еден од фудбалерите со најмногу официјални настапи за Барселона откако Валверде пристигна на „Камп Ноу“.

Ракитиќ од доаѓањето на Валверде запиша 97 настапи, Бускетс има пет помалку, дури и Меси има 91. Во тековната сезона Хрватот за себе има 42 настапи во сите натпреварувања.

И покрај тоа што ќе го има Де Јонг Валверде не сака да се откаже од услугите на Ракитиќ и испратил порака до раководството дека тој мора да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…