Дома Фудбал Барселона доби тужба поради Дембеле – еве што направил!

Барселона доби тужба поради Дембеле – еве што направил!

Осман Дембеле минатото лето пристигна во Барселона како најскапо засилување во историјата, но очигледно дека е многу проблематично момче.

Барселона има сериозни проблеми со дисциплината на младата француска ѕвезда која без дозвола не се појавуваше на некои тренинзи, а сега се појави вест дека им останал должен на бившите станодавци од Германија.

Имено, на адреса на Барселона пристигна тужба за Дембеле, кој наводно останал должен 15.000 евра за станарина, но и 5.000 евра за штетата што ја направил во куќата додека живееше во Дортмунд.

„Секаде имаше ѓубре и ѓубре, имаше гнила храна во фрижидерот и шкафовите, многу стари пластични кеси на подот. Имаше еден куп неплатени сметки зад влезната врата. Како тоа да не беше доволно лошо, Дембеле не ги врати клучевите, па бев принуден да ги сменам сите брави“, открива Герд Вејсенберг, газдата на куќата.

Бидејќи не можеле да дојдат до неговата адреса, Германците тужбата ја испратиле до неговиот актуелен клуб Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту играч повеќе не го спаси Палас: Саж останува под притисок

Кристал Палас испушти водство против Бешикташ и ремизираше 2-2 во Истанбул. Пјер Саж гледа…