Дома Фудбал Барселона го убеди Дембеле да прифати помала плата

Барселона го убеди Дембеле да прифати помала плата

Барселона ќе го задржи Осман Дембеле, откако успеа да го убеди да стави потпис на нов договор, пренесува „Спорт“.

Притоа, Каталонците успеале да го убедат Французинот да прифати помала плата. Ова е голем успех за Барселона бидејќи договорот на Дембеле истекуваше на крајот на сезоната и можеше да замине без обештетување.

Дембеле донесе конечна одлука да остане на „Камп Ноу“ и наскоро ќе стави потпис на нов 5-годишен договор.

Каталонските медиуми пренесуваат дека новиот договор на Дембеле ќе биде официјализиран следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…