Каталонскиот гигант Барселона е силно заинтересирана за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Санчез играше одлично и на Европското првенство, а откако ја освои титилата со Лил спремен е да направи чекор напред во кариерата.
Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголема желба на тренерот Куман е токму Ренато Санчез. Каталонците стапиле во контакт со неговиот агент и го сакаат Португалецот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.
Лил е спремен да го пушти и одреди цена од 35 милиони евра, а Барса ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Португалецот интерес покажуваат уште Ливерпул и Милан.