Дома Топ вести Барселона го сака капитенот на Манчестер Сити

Барселона го сака капитенот на Манчестер Сити

Барселона е силно заинтересирана за капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, пренесуваат каталонските  медиуми.

Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент, а неговиот агент веќе имал средба со Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците го сакаат Германецот бидејќи во него гледаат идеален наследник на Бускетс, притоа можат да го доведат без обештетување.

Проблем за Барселона може да биде високата плата од 12 милиони евра, па останува да се види дали Гундоган ќе прифати помала плата, но подолг договор.

Барселона очигледно сака да „пазари“ од Манчестер Сити, бидејќи на лето покрај Гундоган примарна цел ќе биде и Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…