Дома Топ вести Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Јувентус, Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кансело ова лето пристигна во редовите на италијанскиот шампион за 40 милиони евра од Валенсија, откако една година помина на позајмица во Интер.

Од почетокот на сезоната Португалецот е незаменлив во тимот на Алегри и неговите настапи се секогаш одлично оценети од критичарите, па веќе го доби епитетот „новиот Дани Алвеш“.

Скаутот на Барселона, Ариедо Браида неколку пати ги гледал во живо настапите на Кансело и е убеден дека ќе биде идеално засилување за Каталонците.

Сепак, тешко е да се поверува дека „старата дама“ ќе се раздели со Кансело после само една сезона и поради тоа може да побараат сума од 80 милиони евра, што ќе го одбие каталонскиот клуб.

https://youtu.be/Fru5pOhNVik

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…